„Удрив жена што се движеше по автопат“, изјави Ѓорге Давид за сообраќајката со смртни последици кај Куманово

Поради густата магла и дожд дојде до сообраќајка, на само три километри пред границата на Табановце, а во сообраќајката учествувале три автомобили меѓу кои и автомобилот на српскиот пејач Ѓорѓе Давид.

Тој за Гранд ги открил сите детали од несреќата во која учествувал.

„Наводно, девојката и нејзиниот сопатник излегувајќи од своето место влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетала на автомобил и директно се судрила во него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена. Девојката која возела автомобил и удрила во друг автомобил е полесно повредена. Меѓутоа, нејзината сопатничка, за која велат дека наводно и е мајка, не е“, изјави Ѓорѓе за Гранд и продолжил:

„По несреќата тие останале на автопатот, едните на левата лента, другите во десната, а минута ипол потоа налетав јас на нив со брзина пропишана со знакот за автопат и директно ги удрив. Удрив во сопатникот кој се движеше по автопатот. Беше магла, ги вклучив долгите светла и беше секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силна кола, инаку не знам што ќе се случеше со мене, рекол тој за Гранд.

По страшната несреќа Ѓорѓе призна дека се уште не може да си дојде на себе си.

„Синоќа имав блага скршеница, сега се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол“, признава рокерот и ја открива своијата здравствена состојба.

„Имам два конца на левата рака поради исекотини од возачкото седиште. Фала му на Бога имам силен автомобил, бидејќи да немав, којзнае што ќе се случеше“, рекол Ѓорѓе за Гранд.

Истакнал и дека му биле направени сите тестови за да се утврди дека не бил под дејство на алкохол или недозволени супстанци.

„Ми земаа урина и крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. Потоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена“,  изјави тој за Гранд и додаде дека мора да остане во Македонија додека се следи законската процедура.

-Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен – изјави Ѓорѓе, кој се уште не може да се соземе.

Јавното обвинителство претходно во внеделата објави и поединости од несреќата:

„Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобила „фолксваген поло“ со кумановски и „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока. По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил „опел инсигниа“ со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала“, соопшти Обвинителството.