УЕФА ја ограничува максималната цена на влезниците за гостинските навивачи

Европската фудбалска асоцијација УЕФА објави дека ја ограничува максималната цена на влезниците за гостинските навивачи во европските купови, почнувајќи веќе од оваа сезона.

Според новата регулатива, максималната цена на билетите за гостинските навивачи на натпреварите од Лигата на шампионите ќе изнесува 60 евра, на домаќините на натпреварите од Лигата на Европа ќе им биде дозволено да им наплаќаат најмногу 40 евра на гостите, а во Конференциската лига гостинските навивачи ќе можат да го гледаат својот тим во живо за најмногу 20 евра.

УЕФА најави дека дополнително ќе ги намали цените на влезниците во наредните сезони.