УЕФА достави до грчкиот Парламент листа со сомнителни фудбалски натпревари

До надлежната комисија за култура и образование во грчкиот Парламент, УЕФА испратила 20 досиеја за сомнителни фудбалски игри кои ги истражува судството, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, на листата се натпревари од Втората фудбалска лига одиграни во периодот од април до ноември минатата година.

За испратените документи од Европската фудбалска асоцијација, претседателот на Комисијата денеска ги информирал членовите.