Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека ќе воведе своевиден селари-кеп и ќе го укине финансискиот фер-плеј. Сепак, нема да има ограничување на платите на фудбалерите, туку дека нема да смеат да трошат повеќе од 70 отсто од приходите кои ќе ги имаат во последните три сезони.
По новиот систем, европската куќа на фудбалот ќе смее да наметнува и спортски и финансиски санкции за прекршителите, како исфрлање од европските клупски натпреварувања.
Ново ќе биде тоа што тим кој ги прекршил финансиските правила на УЕФА може од Лигата на шампионите да биде преселен во Лигата на Европа и од Лигата на Европа во Лигата на конференциите.
Друга мерка може да вклучува одземање на бодови во согласност со ажурираниот формат на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.