Европската фудбалска федерација УЕФА го премести натпреварот од последната рунда на квалификациите за Лига Европа меѓу ерменски Арарат и српска Црвена Ѕвезда од Ереван во Никозија поради кризата и воените судири во Нагорно Карабах.
УЕФА во вторникот потврди дека ривалите кои се борат за групната фаза од Лига Европа ќе се игра во кипарската престолнина. Дуелот е на распоредот во четврток.
Арарат во третото претколо во Лига Европа во продолженијата го елиминираше словенечкиот претставник Целје, додека Црвена Ѕвезда испадна во третото претколо од Лигата на шампионите од кипарска Омонија и сега е бори за пласман во групната фаза на Лига Европа.
Мечот е одложен поради судирите меѓу ерменските и азербејџанските војски во Нагорно Карабах.