![d](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/d2.jpg?resize=604%2C416&ssl=1)
Челниците на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид и францускиот Пари Сен Жермен постигна усмен договор во врска со трансферот на Аргентинецот Анхел ди Марија во Париз. Но овој трансфер го ко чи правилото фер – плеј.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни ПСЖ заради кршење на ова правило и го ограничи на 50 милиони евра за трансфери ова лето. Светците оваа норма ја исполнија со договрање на транбсферот на Бразилецот Давид Луиз
Парижаните на Реал му нудат 60 милиони за Ди Марија , но за Аргентинецор да стигне во Париз, шампионот на Франција би морал да продаде неколку играчи.
Шпанските медиуми шпекулираат дека на листата на трансфери не се Златан Ибрахимовиќ, Едисон Кавани, Тиаго Силва , Марко Варети, Лукас Мура, па затоа се поставува прашањето која ѕвезда може да ја продаде ПСЖ и за да ги собере потребните 60 милиони за Аргентинецот.