Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека претставниците на Израел во еврокуповите, Макаби од Хаифа и Макаби од Тел Авив, преостанатите домашни натпревари есенва во Србија ќе ги одиграат без публика.
Така, клубот од Хаифа својот натпревар од 5. коло од групата Ф на Европската лига против Рен ќе го одигра на 30 ноември на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, додека тимот од Тел Авив ќе го одигра натпреварот од 6. коло од групата. Б од Конференциската лига против Зарја од Луганск на 14 декември на стадионот „ТСЦ Арена“ во Бачка Топола.
Репрезентативецот на Израел во кошаркарската Евролига, Макаби од Тел Авив, си најде привремен дом во Србија и во вторник му беше домаќин на грчкиот Олимпијакос во Белград.