УЕФА: Мечот Белгија-Шведска е прекинат поради сомневање за терористички напад

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и официјално го прогласи за прекинат натпреварот од групата Ф за квалификациите за Европското првенство следната година во Германија меѓу Белгија и Шведска, откако во центарот на белгиската престолнина Брисел пред натпреварот беа убиени двајца Швеѓани.

„По сомневањата дека вечевра се случи терористички напад во Брисел, по консултации со двата тима и локалните полициски власти беше решено натпреварот меѓу Белгија и Шведска да биде прекинат. Натамошната комуникација ќе биде воспоставена во догледно време“, соопштија од УЕФА.

Шведски новинари откриваат дека биле известено за нападот непосредно пред интонирањето на националните химни, додека двете екипи станале свесни на полувремето. Швеѓаните одбиле да го продолжат мечот, што го прифатиле Белгијците.

Во моментот на пауза резултатот беше 1:1. Гостите поведоа во 15. минута со голот на Виктор Гјокерес, а израмни Ромелу Лукаку од пенал во 31. минута.

Според шведските медиуми, претседателот на шведската фудбалска федерација Фредерик Реинфелд по веста за пукањето заедно со шефот на обезбедувањето на селекцијата Мартин Федман ги напуштил трибините на стадионот.

Навивачите на стадионот, како и новинарите подолго време се затворени во оградениот простор поради безбедносни причини.

Пукањето се случило околу 19 часот во областа Моленбек. Како што пренесуваат медиумите, напаѓачот наводно се симнал од мотоциклот и отворил оган од автоматско оружје, при што усмртил две лица за кои се вели дека ги носеле дресовите на шведската репрезентација.

Според Het Laatste Nieuws, сторителот прво пукал во неколку луѓе на улица, кои се обиделе да побараат засолниште во затворен простор. Насилникот тогаш наводно пукал во две лица во такси, а потоа избегал. Очигледно има повеќе повредени.

На видеото кое го снимил еден од очевидците на нападот се гледа маж во флоуросцентна портокалова јакна со бела кацига, со оружје, веројатно автоматско, во рацете. Симнувајќи се од скутер пука во неколку лица кои се засолнуваат во ходник на една зграда. Напаѓачот ги гони и застрелува, а потоа наводно пукал и во две лица во такси и бега. Според непотврдени информации има и ранети.

На социјалните мрежи кружи видео на кое маж, најверојатно сторителот на пукањето, на арапски вели дека се одмаздува за смртта на муслиманите и дека застрелал тројца Швеѓани. Тврди дека е припадник на Исламската држава. „Живееме за нашата вера, умираме за нашата вера“, вели тој во едно од видеата.

Според медиумите, сторителот е маж од Шаарбеек, за кого имало сознанија дека е радикализиран.

Нивото на закана за бриселскиот главен град е подигнато на нивото четири, што се смета за „многу сериозно“, поточно „кога заканата е сериозна и многу непосредна“.

На платформата X, Кризниот центар исто така се залага за „активна будност“. „Ги замолуваме луѓето да ги одложат непотребните патувања“, рече портпаролката Лаура Демулие.

Бриселската компанија за јавен сообраќај MIVB потврди дека станиците на подземната железница „Крал Бодуен“ и „Хејсел“ во моментов се затворени, но се истканува дека таму немало пукање. Шведските навивачи поради безбедност и натаму се задржани на стадионот.

елгискиот премиер Алексадер Де Кро му изрази сочувство на шведскиот премиер Улф Киристерстон порачувајќи дека станува збор за „кукавички напад врз шведските граѓани“/

„Нашите мисли се со семејствата и пријателите кои ги загубија саканите. Како блиски партнери, борбата против тероризамот е заедничка борба“, истакнува белгискиот премиер.