![uefa luge](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/uefa-luge.jpg?resize=672%2C378&ssl=1)
Европската фудбалска асоцијација УЕФА отвори во вторникот дисциплинска постапка против гигантите Барселона, Реал Мадрид и Јувентус поради нивното учество во формирање на Суперлигата, соопштија од федерацијата.
Овие три клуба се единствените од првичните 12 кои не се оградија од проектот Суперлига по низата критики.
„По истрагата која ја спроведоа етичките и дициплински инспектори на УЕФА во врска со таканаречениот проект Суперлига, покрената е дициплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, поради потенцијалното кршење на правната рамка на УЕФА“, соопштија од европската куќа на фудбалот,
Суперлигата ја покренаа 12-те најбогати клубови во Европа, но девет од нив, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи, Тотенхем, Арсенал, Милан, Интер и Атлетико Мадрид, по бранот критики се повлекоа и постигнаа договор со УЕФА.