УЕФА покрена дисциплинска постапка против Селтик

Европската фудбалска федерација (УЕФА) отвори дисциплинска постапка против Селтик за инцидентот што се случи вчеравечер во Глазгов за време на натпреварот во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен (0:5).

Непосредно пред крајот на првото полувреме, еден навивач на шкотскиот тим втрча на теренот и се обиде да го Килјиан Мпабе, една од најголемите ѕвезди на францускиот шампион.

Момчето веднаш беше уапсено и извадено од стадионот. Но, клубот нема да мине без дополнителни санкции.

Селтик има 11 казни од УЕФА во последните шест години, причината за сите од нив е однесувањето на навивачите. Последната санкција е од јули кога клубот беше казнет со 20.000 фунти.

УЕФА покрена обвинение и против ПСЖ поради оштетување на седиштата во секторот за гостинската екипа.