УЕФА: Пресудата не значи одобрување или потврда на таканаречената Супер-лига!

Организаторите на Супер-лигата предводени од Реал Мадрид и Барселона еуфорично ја дочекаа одлуката на Европскиот Суд денеска според која УЕФА и ФИФА немаат право да ги санкционираат екипите кои сакаат да бидат дел од друго меѓународно натпреварување, кое не е под капата на овие организации.

Како што е добро познато, УЕФА ги казни сите клубови кои беа дел од првичниот проект наречен Супер-лига, дел од нив експресно се повлекоа од идеајата, но Реал Мадрид и Барселона останаа доследни водејќи ја оваа правна битка.

На крајот, судот ги прифати аргументите на Супер-лигата дека УЕФА и ФИФА имаат незаконски монопол за организација на меѓународни натпреварувања, јасно ставајќи го знаење дека тоа е забрането и дека можат да бидат организирани и други регионални, па дури и интерконтинентални фудбалски натпреварувања ширум Европа и светот.

Меѓутоа, од УЕФА преку соопштение информираа дека одлуката на Европскиот суд воопшто не е таква каква што ја толкуваат од Суперлигата. Судот дава дозвола на организирање на нови натпреварувања, но согласно правилата на УЕФА и ФИФА.

„Оваа пресуда не значи одобрување или потврда на таканаречената Супер-лига, но само го нагласува недостастокот на претходно одобрување кое треба да постои во рамките на УЕФА од технички аспект, а кое ние го решивме во јуни 2022 година со нови акти во рамките на организацијата. УЕФА верува во робусноста на своите нови правила кои се во склад со релевантните европски закони и прописи. УЕФА останува одлучна во својата преданост на одбрана на европската фудбалска пирамида, осигурувајќи дека таа и натаму му служи на широките интереси на друштвата. Ќе продолжиме да го обликуваме европскиот спортски модел заедно со сојузите, лигите, клубовите, навивачите, играчите, тренерите, институциите на ЕУ, владите и партнерите“ – се вели во соопштението од УЕФА.