УЕФА воведува „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите

Новата Лига на шампиони, која ќе стартува во 2024 година, ќе има повеќе тимови, повеќе натпревари и повеќе приходи.

Ќе има и воведување на „вајлд-карти“, поточно специјални покани за два клуба учесници. Тие ќе бидат наменети за екипи кои ќе имаат најголем коефициент, според прикажаните игри изминатата сезона.

Во конкуренција за овие две позиции ќе бидат екипите кои ќе завршат веднаш зад местата кои носат директен пласман во групната фаза. Целта е моќните клубови да не останат без настап во Лигата на шампионите поради една лоша сезона.

Коефициентот се добива според настапите во изминатите пет години во европските натпреварувања. Победи, титули и што повисок пласман значи поголем коефициент.