
Парламентот на Уганда го усвои нацрт-законот за доживотна казна за хомосексуалците.
Нацрт-законот предвидува казна затвор ако и едно лице не ги пријави хомосексуалците на полицијата, пренесе Би-Би-Си.
Лидери од целиот свет го критикуваа новиот закон за хомосексуалноста, вклучувајќи го и американскиот претседател Барак Обама, додека некои донатори рекоа дека е можно да ја откажат својота помош за Уганда бидејќи таму не се почитуваат правата на геј луѓето.
За да стапи законот во сила треба да го потпише претседателот Џофери Мусевени.