Угандската поп ѕвезда ослободена со кауција, откако поради неговото апсење загинаа 37 луѓе

Угандската поп-ѕвезда и претседателски кандидат Роберт Киагуланји Ссентему, попознат како Боби Вајн, кој инаку е и актер и се занимава со политика, чиешто апсење предизвика протести со најмалку 37 жртви, во петокот е ослободен со кауција откако е обвинет за ширење на коронавирусот со одржување полтички собири.

Властите во Уганда распоредија воени едицини низ престолнината Кампала и во нејзината околуна, како поддршка на полицијата кој ги растерува демонстрантите. Според медиумските извештаи, во потиснувањето на безредијата била користена мунициија, солзавеве и водени топови, а приведени се стотици лица.

„Претседателот Јовери Мусавени би требало да се седи тука на клупата за обвинети и да одговата за убиствата на невините граѓани“, изјави Вајн по подигнувањето на обвинението против него.

Триесет и осумгодишниот Вајн беше уапсени во средата додека водеше кампања на истокот на Уганда. Се товари незаконското одржување масовни собири со коишто ги кршел прописите за ограничувањата за собирањње кои ги наметна владата со цел да го сузбие ширењето на коронавирусот.

Полицијата во петокот соопшти дека се зголемил бројот на жртвите во безредијата кои настанаа по апсењето на Вајн. „Досега се пронајдени 37 тела“, изјвил за Reuters, полицискиот патолог Мозес Бјаруханга.

Полицискиот портпарол Фред Енанга изјави дека притворените демонстранти се вмешани во насилство и во напади врз луѓе кои не ја поддржуваат Платформата на националното единство (NUP), партијата на Вајн.

„Последните денови бевме сведоци на насилство, вандализам, кражби, заплашувања и закани, злосторства сторени против лицата кои не ја поддржуваат NUP. Тоа не можеме да го толерираме“, рекол портпаролот на угандската полиција.

Во Уганда, земја со 42-милионско население, на 14-ти јануари треба да ги одржи претседателските и парламентарните избори, а Вајн станува сериозна закана за долгогодишниот сега 76-годишен претседател Мусевени, кој сака да го продолжи своето владеење на најмалку 40 години.

Вајн доби широка поддршка меѓу младите кои се привлечени од острите критики на владата во неговите песни. Неговото апсење веднаш предизвика протести во Кампала и другите поголеми градови во земјата на истокот на Африка. Во протестите беа палени гуми и контејнери, поставувани барикади за блокирање на сообраќајот барајќи тој да биде ослободен.