Почина австралискиот крокодил долг 5,48 метри кој го држеше светскиот рекорд за најголем крокодил држен во вешачко живеалиште, соопшти во саботата засолниште за диви животни.
Се сметаше дека е стар над 110 години. Касиус, кој тежи повеќе од еден тон, е во лоша здравствена состојба од 15 октомври, објави на социјалните мрежи Marineland Melanesia Crocodile Habitat.
„Тој беше многу стар и се веруваше дека живее повеќе од годините што ги достигнува крокодил во дивината“, се вели во соопштението на организацијата, со седиште на островот Грин во близина на туристичкиот град Кернс во Квинсленд.
„Касиус многу ќе ни недостига, но нашата љубов и сеќавањата за него ќе останат во нашите срца засекогаш“, се додава.
На веб-страницата на групата пишува дека тој живеел во резерватот од 1987 година, откако бил префрлен од соседната Северна територија, каде крокодилите се клучен дел од туристичката индустрија во регионот.
Касиус, крокодил чиј вид живее во солени води, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголемиот крокодил на светот во затошеништво. Титулата ја понесе по смртта на филипинскиот крокодил Лолонг во 2013 година, кој според Гинис бил долг 6,17 метри.