![301946-23451313g](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/301946-23451313g.jpeg?resize=696%2C384&ssl=1)
Женката фокстериер Пеблс, најстариот пес на светот, угинала претходно оваа седмица на 22 години а југоистокот од САД, објави Гинисовата книга на рекордите.
Сопствениците од 2012 година ја хранеле со храна а мачки, што според нив можеби придонело за долговечноста на кучката.
„Пеблс, најстарото куче на светот, за жал угина, природни и мирно, дома и окружена од нејзиното семејство“, напишаа нејзините сопственици на Instagram.
Окотена е на 28-ми март 2000 година на Лонг Ајленд во Њујорк, и главно живеела во американската сојузна држава Јужна Каролина. Со својата ситна градба и тежина од 2 килограма, Пеблс сепак окотила вкупно 32 кученца.
Пеблс беше прогласена за најстаро куче на светот во мај 2022 година, во текот на посетата не експертите од Гинисовата книга на рекордите, институцијата којашто ги верификува и бележи рекордите во најразлични области.
Според нејзината сопственичка Џули Грегори, Пеблс обожувала кантри музика. Угинала пет месеци пред да го одбележи 23-от роденден.