Угостителските услуги во мај поскапи за 0,3 отсто

Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на мај лани се зголемени за 0,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативно за периодот јануари – мај 2016 година, во споредба со првите пет месеци од минатата година, цените на угоститетлските услуги се повисоки за 0,4 проценти.

Во мај годинава во однос на април цените на цените угоститетслките услуги останале на исто ниво.