Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Времето во среда ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југозападен правец. Попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветерот, претежно во северните и источните делови.
Во четврток времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.