
Попладнево се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, информира УХМР. Нестабилноста ќе навлезе и во скопскиот регион од кај Сарај.
Според УХМР од Шар Планина преку Гостивар и Тетово како и околните населени места се преместува посилна нестабилност со пороен дожд и грмежи која сигурно е проследена и со засилен ветер.
Пороен дожд има во Полог, а најсилни се врнежите во Гостивар, но и во Тетово во самите градски јадра!
Изгледи за пороен дожд има за Прилеп и северна Пелагонија.