УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи, УЈП, ја објави новата листа на должници за доспеани долгови до 28.02.2018, а кои се ненаплатени до 31.05.2019 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. За физичките лица и самостојни вршители на дејност, долгот е повисок за 120.000 денари, додека кај правните лица тој надминува 300.000 денари.

Вкупно објавениот нето долг во шестата листа изнесува 8. 945.217.255 денари и тој е повисок за 245.140.071 денари од претходната листа, информира УЈП. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 8.798.781.524 денари (повеќе за 229.551.387 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 146.435.731 денари и е поголем за 15.588.684 денари од претходната листа.

На последната лисат има јавни, приватни компании, државни претпријатија и приватни лица како и од претходната листа. Таму се сѐ уште 11 Октомври-Еурокомпозит, комуналното претпријатие од Тетово, винарската визба Повардарие, фирмата Трансмет, скопската Општина Карпош, Македонската радио телевизија, јавното претпријатие Билјанини извори, бизнисменот Сејдију Бајруш и многу други.