УЈП ја одблокира сметката на 1 ТВ откако е платен долгот

Управата за јавни приходи ја одблокира сметката на 1 ТВ, откако телевизијата го платила долгот.
„Ве известуваме дека денеска откако е направена уплата на парични средства
за исплата на долгот согласно евиденциите на Управата за јавни приходи, банкарската сметка на правното лице е одблокирана“, соопштуваата од УЈП.

УЈП утринава потврди дека сметката на телевизијата 1ТВ е блокирана, но не дадоа дополнителни информации и образложение бидејќи „се обврзани сите информации да ги чуваат како даночна тајна“.

Веднаш потоа реагираа од 1ТВ, од каде дека тврдеа дека „написите за
блокираната сметка се тендеционзни, менаџментот на телевизијата ја
информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и
со увид во банкарска потврда.“ Сопственик на 1ТВ е БМЈ Медиа Груп, а
управител е Јасна Мандиќ.