Претседателот во заминување на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во петокот на последната прес-конференција во улога на шеф на државата изјави дека по напуштањето на функцијата ќе побара статус на „почесен претседател“ и дека нема намера да ја напушти земјата.
Ѓукановиќ на почетокот на април беше убедливо поразен во вториот круг од претседателските избори од Јаков Милатовиќ, лидерот на движењето Европа сега.
„Денеска го завршувам мандатот на активен претседател. Законот за претседател предвидува можност во следните пет години да уживам статус на поранешен претседател. Ќе ја искористам оваа законска опција“, изјави Ѓукановиќ.
Функцијата „почесен претседател“, меѓу другото, предвидува заработка на 70 отсто од претседателската плата во наредните пет години, што е околу 1.500 евра, користење канцеларија, еден советник и референт за административно-технички работи, како и право на користење службен автомобил со или без возач.и право на лично обезбедувње проценето од надлежните безбедносни служби.
Ѓукановиќ изјави и дека не се точни информациите кои претходно се појавија во црногорските медиуми дека планира да се пресели во Обединетите Арапски Емирати.
„Никогаш во ниту еден момент од животот не сум помислил да се преселам од Црна Гора. Црна Гора е моја доживотна адреса“, рече Ѓукановиќ и најави дека во наредниот период планира да се занимава со лични активности, но дека нема целосно да се исклучи од политичките активности на неговата партија Демократската партија на социјалистите (ДПС).
Тврдејќи дека го „посветил својот живот на европскиот развој на Црна Гора“, Ѓукановиќ потсети дека се повлекол од позицијата лидер на партијата, но дека ќе продолжи да ја поддржува.
„Немам намера да го менувам партискиот дрес. Јас сум убеден член на проевропската развојна политика на Црна Гора и ќе продолжам да ја поддржувам партијата којашто ја водев“, рече Ѓукановиќ.
На прашањето како историјата ќе го памети, како автократ или реформатор, Ѓукановиќ рече дека не се сомнева дека историјата правилно ќе го оцени.
„Политиката денес е сведена на плиткоумен популизам, но јас сум убеден дека ова нема да биде постојана состојба, бидејќи тогаш овој свет би завршил со катаклизма“, посочи Ѓукановиќ.
Мило Ѓукановиќ беше на власт во Црна Гора повеќе од три децении, на функциите претседател и премиер. Ѓукановиќ беше премиер пет пати (1991-1998, 2003-2006, 2008-2010, 2012-2016), а беше и претседател на земјата од 1998 до 2002 година и беше избран за втор мандат во 2018 година. Неговиот вкупен мандат сега запре на 32 години, со што Ѓукановиќ со победа на изборите ќе му се доближише до рекордот на престојување во самиот врв на власта на челникот Зимбабве Роберт Мугабе, кој ја водеше африканската земја 40 години. Во Европа, пак, Ѓукановиќ за неколку години се одржуваше подолго на власта отколку белорускиот претседател Александр Лукашенко.
Во вториот круг од претседателските избори на почетокот на 2-ри април, тој беше убедливо поразен од Јаков Милатовиќ, младиот лидер на движењето Европа сега, растечка политичка партија на центарот во Црна Гора, која беше формирана од првата влада формирана по парламентарните избори во 2020 година, кога ДПС на Ѓукановиќ првпат беше поразена на избори.
Инаугурацијата на новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, ќе се одржи во сабота во црногорскиот парламент, а на неа ќе присуствуваат повеќето претседатели од регионот. Учеството на српскиот претседател Александар Вучиќ сѐ уште не е официјално потврдено.