Ѓукановиќ води според првичните резултати на претседателски избори во Црна Гора

Според првичните резултати актуелниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ е во водство на претседателсклите избори што се одржаа денеска. Според 33,5 отсто обработени гласови, Ѓукановиќ освоил 36,2 отсто од гласовите, Јаков Милатовиќ 23,9, а Андрија Мандиќ 23,4 отсто.>

Избирачките места беа затворени во 20 часот. Излезноста на гласачите се проценува на 53,6 проценти. Право на глас во Црна Гора имаат нешто над 534.000 избирачи.

Претседателот на Државната изборна комисија рече дека не се пријавени нерегуларности за време на гласањето на изборите, кои аналитичарите ги оценија како најнеизвесни досега.