Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ синоќа во Брисел изјави дека земјите од Западен Балкан сега се подалеку од ЕУ отколку во 2014 година.
-Ова е последен момент да ги направиме јасни нашите односи со ЕУ. Мора да знаеме дали е навистина реална перспективата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија во догледно време и мора да дефинираме јасна временска рамка, рече Ѓукановиќ по работната вечера со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Во спротивно, рече тој, празниот простор на Западен Балкан ќе го искористат трети земји.