
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе донира парична помош од 1.000.000 денари за настраданите од поплавените подрачја во скопско што ќе бидат употребени за санација и реконструкција на нивните домови, соопштија од УКИМ.
Од Универзитетот изразуваат длабоко сочуство до семејствата на загинатите и настраданите во невремето.