Укината одлуката за зголемени нотарски услуги донесена од владата на СДС и ДУИ

Putting Stamp Of Approval

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја укина одлуката за зголемени нотарски услуги донесена од владата на СДС и ДУИ. Владата на вчерашната седница донесе Одлука за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и ДУИ сакаа несразмерно да ги наградат Нотарите, на сметка на народот.

СДС и ДУИ со секоја своја одлука земаа пари од џебот на народот.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исправа неправдите нанесени од СДС и ДУИ. Нема повеќе скапи услуги кај Нотарите. Ја враќаме државата на народот, додаваат од партијата.