Укината пресудата за убиството на Пино

Апелација ја укина првостепената пресуда која ѝ беше изречена на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо.

Еленко Миланов, кој ја застапуваше обвинетата Ангела Ѓорѓиевска, за “А1он” рекол дека го добил известувањето за укинувањето на пресудата, како и дека судиите ги уважиле жалбите и утврдиле погрешно утврдена фактичка состојба.

– Точно е дека е укината пресудата која ѝ беше изречена на Ангела Ѓорѓиевска за помагање во убиството на Пино Секондо. Јас лично го добив известувањето и таму е наведено дека причина за укинувањето е суштествена повреда на постапката, како и погрешно утврдување на фактичките состојби. Засега толку знам и толку можам да кажам. Во моментов немам контакт со странките и не знам дали во иднина повторно ќе ја застапувам обвинетата, со оглед на тоа што таа има и друг бранител – рече Миланов.

Ангела Ѓорѓиевска доби 19 години затвор поради убиството на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна за помагање во извршување на убиството во 2018-та година. Телото на Пино беше пронајдено во април 2019-та година, кај местото Башинец.

Обвинетиот за кој се смета дека го извршил убиството со пушка, Фуркан Али, и натаму е во бегство.