Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека утрово во 9 часот и 50 минути е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Стража-Кичево, а во 9 часот и 15 минути на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.
Остануваат забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар и Струга – граничен премин Ќафасан.
Забрана за движење на автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема, велат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија пат.