Снежните врнежи што ја зафатија Македонија го отежнуваат сообраќајот на патиштата. Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид сообраќај.
Сообраќајот на другите патишта низ државата се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ цела територија на Македонија.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонија Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.
Авионскиот и железничкиот сообраќај засега се одвиваат без застои.