Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец крак – Маврово – Дебар

Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак – Маврово – Дебар, информираат од ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП „Македонија пат“.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража. На регионалниот пат Р-1203 од село Рогачево до граничен Јажинце, поради силен ветер наместа има наноси од снег.

Од ЈП Македонија пат посочуваат дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.