Укината забраната за тешки возила на превојот Стража

Забраната за товарни возила на превојот „Стража“ кој беше воведен во 16:15 часот, е укинат околу 18:30 часот, соопштија од АМСМ.

УХМР најави дека до крајот на денот и во текот на ноќта времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југоисточните делови, над 15 литри на метар квадратен.

На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег.