Укинати лажните профили на Путин и Лавров на Твитер

Корисниците на социјалните мрежи во Русија се незадоволни што се укинати популарните комични, но лажни профили на Твитер на претседателот на Русија Владимир Путин и на шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.

lavrov-lazen-profil

Профилите @DarthPutinKGB и@SovietSergey што го исмеваат шефот на дипломатијата беа суспендирани на 31 – ви мај. Лажниот профил на Путин имаше 50.000 следбеници.

putin-lazzen profil

Во меѓувреме профилите што прават пародија на Лавров, на руската амбасада во Лондон и рускиот амбасадор повторно се активни, откако корисниците пријавиле дека исто така вчера биле суспендирани.

Во знак на протест за укинувањето на лажниот профил на Путин, на Твитер почна да се појавува протестен хаштаг #NoGulagForDarthPutinKGB.