Укинати пресудите за „Монструм“- за ликвидацијата кај Смилковско езеро

Врховниот суд ги прифати жалбите на одбраната во случајот „Монструм“, односно ги  укинува пресудите од кривичниот и од апелациониот суд, а предметот „Монструм“ е вратен на повторно одлучување во Кривичниот суд, соопштија од Врховниот суд.

Врховниот суд месец и половина одлучуваше по жалбите на осудениците, откако ја одржа јавната седница, а во неколку наврати претходеше одложување.Укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот „Монструм“ на повторно одлучување побара и јавната обвинителка Лилјана Спасовска, поради евентуално постоење на прислушувани разговори кои би можеле да го сменат текот на постапката.Петмина обвинети во 2014 беа осудени на доживотна затворска казна за тероризам.

Пред пет години, четири момчиња и еден рибар беа убиени на Велики четврток кај Смилковското езеро.