Укинувањето на балансерот е од претходната влада со Стратегијата за јавен сектор 2023-2030 година

„Укинувањето на балансерот е од претходните години. Прво извештајот на Европската Унија каде се укажува дека балансерот предизвикува негативни дејствија при вработувањето. Второ, во време на претходната влада, во МАНУ се направи една голема јавна расправа односно презентација на Стратегијата за јавниот сектор 2023-2030 година. Таму една од одредбите беше укинувањето на балансерот и тоа е од претходната влада донесено, а не од оваа Влада“, истакна универзитетскиот професор Борче Давитоковски во гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Според Давитковски, воопшто не се во право политичките партии кои велат дека се укинува уставниот амандман за правична застапеност откако Уставниот суд покрена постапка.

„Балансерот е методологијата како да се дојде до таа правична застапеност. Тоа беше регулирано во два закони и тоа Закон за вработени во јавен сектор и Закон за јавна администрација и во правилникот и формата каде задолжително секој апликант да каже националната припадност. Тие три одредби се укинаа“, образложи Давитковски.