Украден автомобил во центарот на Скопје

Засеге непознат сторител во текот на изминатиот продолжен викенд од паркиралиште во центарот на Скопје украл автомобил во кој сопственикот го оставил оригиналниот клуч, извести во средата министерството за внатрешни работи по добиена пријава.

Пријавиелот, 54-годишниот З.В. во вторникот пријавил дека во периодот од 12 часот на 5-ти до утрото во 7 часот на 9-ти јануари од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки.

Сторителот ја отворил вратата, влегол внатре и го стартувал возилото со оригинален клуч, кој стоел на бравата и заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и расчистување на настанот.