
Доцна вечерта во саботата, непознат сторител извршил тешка кражба во стан на улица Васил Ѓоргов во Скопје. Во домот на М.Н.(68), крадецот влегол преку балконската тераса и украл разновиден златен накит, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 720.000 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.