Украден накит во вредност од 50 милиони фунти од приватна куќа во Лондон

Домот на Тамара Еклстон во близина на палатата Кенсингтон во Западен Лондон се смета дека е една од најбезбедните куќи во Лондон

Од домот на британската телевизиска презентерка и ќерка на поранешниот сопственик на Формула 1, Тамара Еклстон, украден е накит во вредност од 50 милиони фунти пренесе во понеделникот таблоидот The Sun.

„Кражбата ги шокираше сите, бидејќи оваа куќа се сметаше за една од најобезбедуваните во Лондон, и се наоѓа во безбедна област“, коментирал претставникот на Тамара Еклстон.

Куќата која всушност е замок, во кој постојано има обезбедување, бил ограбен за 50-ина минути. Крадците го искористиле фактот дека Еклстон заминала со семејството на одмор во странство, и во куќата останал само една прислужничка.

Според првичните сознанија, криминалците влегле во куќата од задниот двор во петокот ноќта. Припадник на службата за обезбедување ги забележал во моментот кои тие веќе се прекачувале преку оградата со украдените скапоцености.

„Го собрале сиот накит кој Тамара го чуваше во сефот, сместен во гардеробата. Некои од украдените предмети беа особено скапоцени за неа“, истакнал портпаролот.

Засега британската полиција не го утврдила идентитетот на крадците, а за случајот сѐ уште нема приведени.