Украдена реликвијата од полскиот папа во Умбрија

Украдена е реликвија, ампула со неколку капки крв, од полскиот папа Јован Павле Втори, која беше чувана во црква во градот Сполето во италијанската покраина Умбрија, објави во четвртокот Ватикан.

Реликвијата на свети Јован Павле Втори, канонизиран во април 2014 година, само девет години по неговата смрт, украдена е во средата навечер, објави порталот Vatican News. Се додава дека полицијата веднаш отворила истрага.

„Се осмелувам да се надевам дека станува збор за површен потег, а не за намера да се повредат чувствата на верниците. Се осмлувам, исто така, да верувам дека овој безобѕирен потег не е сторен од побуда да се заработат пари“, изјавил монсињор Ренато Бокардо, надбиспуп на Сполето.

Ампулата со крвта на Јован Палве Втори ја даруваше во септември 2016 година Станислав Дзивиш, кој тогаш беше надбискуп на Краков, а со децении беше личен секретар на полскиот папа.