Украдени 14.200 евра од стан во Битола

Сторителот, како што соопшти полицијата, со употреба на подесен предмет ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршеното пребарување одзел 14.200 евра, по што побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.