Украдени автомобили на двајца скопјани

Двајца скопјани останале без своите автомобили откако ги оставиле незаклучени, информираше МВР.

Според полицијата, Б.С.(72) во ПС Центар пријавил дека во периодот од неделата до вчера му бил украден автомобилот „опел корса“. Возилото му било паркирано во дворот од куќата на улица 166. Крадецот откако влегол во дворот ги пронашол клучевите од „опелот“ оставени во дрвена кутија.

Тој го отворил автомобилот го стартувал и избегал. Вредноста на „опелот“, според Б.С. е 180.000 денари.

Втората кражба се случила вчера во скопско Петровец.

Автомобилот „пежо 406“ сопственост на С.Б.(60) бил украден ноќта меѓу 1.30 и 5 часот.Крадецот влегол во незаклучениот автомобил и со клучот кој стоел во бравта го стартувал. Вредноста на возилото е 150.000 денари. Се работи на целосно расчистување на случајот.