
Со јајцата кои ги украле крадците од Порторико би можеле да ја направат најголемата кајгана на светот.
Локалната полиција во Сан Хуан соопштила дека трага по лице или лица кои украле кокошкини јајца во вредност од 22.000 долари. Како што пренесува АП, во полицискиот извештај не се наведува точниот број на украдени јајца.
Полицијата информирале дека камион ладилник, паркиран пред еден дистрибутивен центар во северниот крајбрежен град Хатиљо, исчезнал заедно со товарот што требало да го превезе. Порториканските власти наведуваат дека вредноста на камионот се проценува на 35.000 евра.