Два сончеви колектори и два акумулатори од светилките на соларна енергија на големиот видиковец на Водно викендов се украдени. Оштетен е и уште еден сончев колектор и акумулатор од светилките.
Крадците искршиле и три светилки на видиковецот, а две канделабри се оштетени заедно со светилките.
Светилките што ги осветлуваат двата видиковци во парк-шумата „Водно“ се сопственост на Градот Скопје, а направената штета се проценува на над 110.000 денари.
Полицијата трага по сторителите.