Две лица од Кавадарци синоќа украле мајмун од Зоолошката градина во Скопје, потврди денеска полицијата.
Вчера во 17:30 часот е поднесена пријава дека двајца посетители во Зоолошката градина во Скопје украле мајмун. Со употреба на погоден алат пресекле делови од челични жици од мрежестата ограда од челична плетена мрежа и низ отворот го украле младото животно мајмун од видот павијан. Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на Зоолошката, избегале со такси, вели Лиза Бендевска, портпарол во МВР.
Крадците биле приведени околу 21 часот во Кавадарци. Одземено им е мајмунчето, по што се пуштени.
По расчистување на случајот против нив ќе следува кривична пријава.
Познато зошто бил украден мајмунот од скопската Зоо
Како што неофицијално дознава Курир, малиот мајмун бил украден од скопската Зоолошка градина за да му биде подарено на девојче како играчка.
Кражбата како што веќе информираа од полицијата се случила вчера попладнето кога двајца посетители пресекле делови од челичните жици од мрежаста ограда и го украле младото мајмунче.
Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на Зоолошката, избегале со такси кон Кавадарци.
Лицата се пронајдени и приведени околу 21 часот, а полицијата информираше дека станува збор за С.Н.(31) и И.П.А.(26) од Кавадарци. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Украденото мајмунче им било одземено, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
Здравствената состојба на Лука е добра, вратен е во Зоо
Голема благодарност до совесните посетители, очевидци на настанот, што помогнаа многу брзо по пријавувањето во МВР, со брза и професионална акција, мајмунчето Лука да е пронајден и вратен на вработените во Градината. Во оваа прилика огромна Благодарност до МВР, велат од Зоолошката градина.
Здравствената состојба на Лука е добра, во моментов е сместен во внатрешното живеалиште заедно со своето помало братче.
Ќерка ми плачеше по мајмунот и морав да и го украдам
Ќерката многу плачела по мајмунот, па мајка и решила да го украде. Неверојатна приказна се крие зад кржабата на мајмунчето Лука во скопската Зоолошка градинка, пишува порталот „Прес 24“.
26 годишна кавадарчанка решила да го украде мајмунот од скопската Зоолошка градинка бидејќи ќерка и плачела по него секогаш кога ќе го видела. За таа цел го ангажирала и својот 31 годишен пријател исто така од Кавадарци. Дошле во Скопје со намера да го украдат мајмунот и биле комплетно подготвени за тоа. Носеле алат за да ја пресечат оградата. Ја пресекле и го извадиле мајмунот по што го ставиле во црна вреќа и ја прескокнале оградата.
Надвор ги чекало такси. Веднаш се упатиле кон Кавадарци но полицијата пред влезот на градот ги уапсила, а ќерка и не успеала ниту да го види.