Украина ја обвини Русија за труењето на сопругата на шефот на военото разузнување

Украина ја обвини Русија дека стои зад труењето на сопругата на шефот на украинското воено разузнавање Кирил Буданов, Марија.

Коментирајќи ги обвинувањата на Киев, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „Украина буквално за се ја обвинува Русија, така што последните обвинувања од Киев за труењето на сопругата на шефот на украинската воена разузнавачка служба може да се сметаат за рутински“.

„Украина ја обвинува Русија за сите проблеми.Верувам дека и за сопственото постоење ја обвинува Русија. Значи, тоа се рутински обвинувања“, рече Песков.

Сопругата на шефот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР), Марија Буданов била отруена со тешки метали, објавија вчера неколку украински медиуми, повикувајќи се на неименувани разузнавачи.

Украинската „Правда“ наведува дека отровите најверојатно биле ставени во нејзините оброци, бидејќи се затруле и други членови на персоналот на ГУР.