Украина ја презеде одговорноста за ноќниот напад врз руската воздухопловна база

Вооружените сили на Украина соопштија дека синоќа извршиле успешен напад врз воздухопловна база во руската област Липецк, на речиси 300 километри од границата меѓу двете земји.

„Погодени беа магацини со наведувани бомби и други објекти во реонот на базата“, се вели во соопштението.

Како резултат на нападот избувнал голем пожар, пријавени се и повеќекратни експлозии, прецизираат од украинскиот Генералштаб.

Според извори на украински медиуми од ГШ, поголем дел од авионите на аеродромот на базата не успеале да го напуштат аеродромот навреме кој бил запален како последица на верижна експлозија.