Јавното обвинителство на Украина подготвува барање за екстрадиција на Виктор Јанукович, јави „УНИАН“.
Киев има намера да побара од Москва да го екстрадира соборениот лидер, во случај да биде официјално потврдена информацијата за неговата локација на територијата на Русија.
Утрово беше објавено дека поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој беше соборен од власт, ќе одржи прес-конференција во рускиот град Ростов на Дон, денеска во 17 часот. Местото на одржувањето на настанот се’ уште не е прецизирано, но ќе биде објавено дополнително.