Министерството за надворешни работи на Украина, испратило протесна нота до Унгарија пореди планираната за 13-ти октомври акција за самоопределување на Транскарпатија, каде што живее бројна унгарска заедница, објави на Twitter во средата шефот на украинската дипломатија Павел Климкин.
„Министерството за надворешни работи на Унгарија ја информираше нашата амбасада во врска со настанот на 13-ти октомври под мотото ‘Самоопределување за Трнаскарпатија (Задкарпатија)’.,.. Веднаш испративме потесна нота со барање а се забрани оваа провокација“, напиша министерот за надворешни работи на Украина, Павел Климкин.
„Дали ова значи дека Будимпешта поддржува сепаратизам?“, прашува министерот. Притоа шефот на украинската дипломатија изразува надеж дека Унгарија „и натаму ќе го почитува територијалниот интегритет на Украина“.
И претходно меѓу Киев и Будимпешта избувнаа несогласувања во врска со усвојувањето во Врховната Рада (украинскиот парламент) на нацрт законот за образованието, одлука којашто се однесува на образованието во Украина на јазиците на националните малцинства кој подоцна го потпиша украинскиот претседател Петро Порошенко, што предизвика лути реакции од неколку европски земји, вклучително и од Унгарија, обвинувајќи го Киев дека со ваквиот закон ги крши правата на националните малцинства. Будимпешта бурно реагираше и пред три години кога на власт во Киев дојде власта поддржана од Западот која го донесе законот со јазиците со кој јазиците на националните малцинства во регионите во коишто се мнозинство го изгубија статусот на службен јазик.
Последниот нацрт-закон, особено, истакнува дека воспитно-образовниот процес може да се води само на официјалниот јазик во државата, а јазиците на малцинствата, вклучително и на унгарскиот и на рускиот кој како мајчин според последните податоци го навеле речиси половината Украинци, ќе се учи само до петто одделени, но веќе од 2020 година овој закон ќе престане да важи и образованието во Украина ќе се води целосно само на украински јазик.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта во Европската унија ќе го блокира секој чекор кој може да придонесе кон натамошно напредување на Украина во процесот на европските интеграции.