Украина бара помош, Русија обвинува за геноцид во Донбас

Украина во средата побара Обединетите нации да ги запрат „агресивните планови“ на Русија, којашто, пак, тврди дека во Донбас се случува геноцид, додела генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш предупреди дека судирот би „можел да биде опсежен и жесток“.

Генералното собрание на ОН заседава на својата годишна пленарна седница за Украина која се совпадна со зголемените тензии поради обвинувањата од САД и НАТО дека Русија наводно распоредила над 150.000 војници на границата со Украина и дека во следните 48 часа се подготвува за целосна инвазија.

Москва, не само што ги отфрла овие обвинувања, туку и ги обвинува Вашингтон и Брисел дека разгоруваат „антируска хистерија“ и оти со постојаното вооружување на Киев предизвикале опасност од украински напад врз одментатите источни доминантно руски региони во Донецк и Луганск, што ѝ послужи да го оправда признавањето на нивната независност и да испрати единци за спречување наводен украински напад.

„Никој нема да може да ја избегне кризата доколу претседателот (на Русија, Владимир) Путин реши да започне напад. Активната дипломатија, силните политички пораки, острите економски санкции и јакнењето на Украина сѐ уште можат да ја присилат Москва да се откаже од агресивните планови“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

По последниот потег на Русија за признавањето на Донецк и Луганск и испрати единици за „зачувување на мирот“, САД и нивните сојузници во ЕУ и светот и наметнаа нови санкции на Москва. Гутереш оцени дека руските единции во Донбас нема да бидат „миротворци“, и повика на прекин на огнот од двете конфронтирани стерани и враќање на

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја рече дека неговата земја „не може да остане рамнодушна на геноцидот и газењето на најважното од сите човекови права – правото на живот“.

„Нашата земја не може да остане рамнодушна на судбината на четирите милиони луѓе во Донбас“, рече Небензиј.

Москва и претходно ги обвинуваше доброволците од екстремистичките организации и силите под контрола на Киев за злосторства во Донбас врз руското население и за постоње масовни гробници.

Небензја не испушти можност и да го критикува Гутерее поради неговите изнави за источна Украина коишто, како што рече, „не се во согласност со неговиот статус и мандатот според Повелбата на ОН“.

САД се надеваат дека на Генералното собрание ќе се покаже колку Русија е изолирана во светот поради кризата со Украина. Генералното собрание денеска нема за ништо да одлучува. Ресолуциите на Генералното собрание на ОН, сепак, имаат само политичка тежина, но не се правно обврзувачки.

Американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд рече дека „сега не е време да се остане настрана“. „Заедно да покажеме дека Русија е изолирани и самоа во своите агресивно акции“, рече Томас-Гринфилд.

Кинескиот амбасадор во ОН, Жанг Џун, истакна дека ставот на Пекинг за „зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите држави е доселедени, и дека целите и начелата од Повелбата на ОН би требало заеднички да се поддржуваат“.

Британскиот државен секретар за јужна Азија и Комонвелтот, Тарик Ахмад, ги повика овие земји, исто така, да воведат санкции против Русија.

Германскиот државен секретар Тобијас Линднер на Генералното собрание рече дека „треба да се збијат редовите и силно да се отфрли таквиот вид дејствување“. „Ако не го сториме тоа, тоа што ја снајде Украина може утре да ѝ се случи на некоја друга членка на ОН“, рече Линднер.