Украина добила борбени авиони и резервни делови за да ги засили своите воздушни сили, изјави во портпарокот на Пентагон, Џон Кирби одбивајќи да го открие бројот на летатала, ниту земјите кои ги испрателе.
„Од денекса имаат повеќе борбени авиони отколку што ги имаа пред две седмици. Не навлегувајќи во поединостите за содржината на пратките на другите земји, ќе кажам само дека добија дополнителни борбени авиони и резервни делови за да ја зголемата својата флотила“, изјави Кибри на брифингот во вторникот по локално време.
Портпаролот на Пентагон, исто така, не наведе кој модел авиони ѝ се испратени на Украина која со седмици бара да ѝ бидат дадени борбени летала, но даде до знаење дека станува збор за летала од рускот производство.
„Други земји коишто имаат искуство со такви авиони им помогнаа да имаат повеќе летала кои се во функција“, додад Кирби.
Според него, САД, кои не сакаат да се мешаат во овој судир, помогнале во испраќањето на резервните авионски делови во Украина, но не испратиле авиони.
Украина од западните земји бараше авиони „МиГ-29“ за кои се обучени нејзините пилоти и со кој располагаа источноевропските земји членки на НАТО. За можното испраќање на руски авиони од Полска и Словачка, се зборуваше уште од почетокот на март, но САД подоцна се спротиставија на тоа, стравувајќи дека Русија тоа би можела да го сфати како директно мешање на НАТО во судирот.