Украина започнала да ги добива противбродските ракети „Haroon“ од Данска и самоодни хаубици од САД, објави во саботата украинскиот министер за одбрана Алексиј Резников.
„Крајбрежната одбрана на нашата земја не само штоп ќе биде зајакната со ракетите Harpoon, туку ќе ги користат и обучени украински екипи“, напиша Резников на социјалните мрежи.
Додека дека споменатите ракети ќе бидат користени со постојните украински „Нептун“ во одбрана на брегот, вклучително и последното големо пристаниште на Црното Море во Одеса.
Резников рече дека набавката на ракетите „Harpoon“ е резултат на соработката меѓу неколку држави, додавајќи дека пратката од Данска била остварена „со учество на британските пријатели“.
Додава и дека Украина добила и самоодни хаубици од моделот „М109“ од американско производство, коишто ќе ѝ овозможат напади на големи дистанци.
Висок американски функционер во април објави дека САД почнале со обуки надвор од Украина, на украински војници за користење на споменатите хаубици. Киев, пак, објави дека сака да добие и американски повеќецевен ракетен систем со долг дострел „М270“.
Сепак, американските функционери стравуваат дека оружјата со долг дострел кои Украина би ги користела за напади длабоко на територијата на Русија, би можело да доведе до невидена ескалација на војната.